Centar.mk
Регионален пат во зимски услови
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ – Кашест снег и влажни коловози на патиштата низ Македонија

Најголем дел од магистралните, регионалните и локалните патишта во Македонија се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови, информира Центарот за управување со кризи во попладневниот извештај.

На дел од сообраќајниците има остатоци од кашест снег, а надлежните служби работат на расчистување и посипување на коловозите со сол и ризла.

Во кратовското село Мушково, каде што снежната покривка достигнала околу 15 сантиметри, движењето се одвива со теренски возила. Поради очекуваното намалување на температурите, возачите треба да внимаваат и на можноста за замрзнување на влажните коловози.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ ОСТАВИ ДЕСЕТИЦИ СЕЛА БЕЗ СТРУЈА – Проблеми во Тетовско, Гостиварско и други делови на Македонија

ДЕСК

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР – Отворена истрага за обид за убиство при семејно насилство во Гостиварско

ДЕСК

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

ДЕСК