Месото пристигнува во продавниците во различни форми и не е секогаш лесно да се препознае кое е свежо и квалитетно, особено ако е мелено.
Најдобро би било да купите домашно месо или да купите производи од регионот кои поминале на краток пат до продавница, но покрај информациите на амбалажата, треба да внимавате и на изгледот на месото.
Иако многу луѓе мислат дека е нездраво, маснотиите му даваат на месото многу вкус.
Елизабет Росике, од земјоделски центар во Германија, смета дека квалитетното месо треба да има малку интрамускулни маснотии, а тоа може да се види по белите ленти кои наликуваат на вените со кои е шарено месото.
Дополнително, доколку купувате спакувано месо, во него не смее да има вода. Добро погледнете го пред да го ставите во корпа, не ви требаат повеќе од пет секунди.
„Ако месото е во крвава вода, тоа значи дека е старо“, вели таа.
Идеалната боја зависи од видот на месото. Телешкото месо треба да биде светло, но не и бело. Говедското месо треба да биде средно црвено, но не премногу темно. Свинското месо е идеално бледо розево. Треба да се избегнуваат сите сивкасти нијанси на месо.
Постои уште еден начин лесно да проверите дали пакуваното месо е сѐ уште свежо. Ако се притисне со прст, мора брзо да се врати во првобитната состојба и да не остане вдлабнатина, а површината на месото да свети.