21.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брегу: Застојот во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е голема грешка

Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС), Мајлинда Брегу, денеска по повод Денот на Европа изјави дека цената на доцнењето на проширувањето на Европската Унија кон Западен Балкан е голема грешка, пишуваат медиумите во регионот.

Таа според написите потсетила дека на денешен ден пред седумдесет и две години министерот за надворешни работи на Франција Роберт Шуман предложил европските земји да се обединат во економска унија.

„Таа унија беше единствениот начин да се обезбеди мир во Европа долго време. Во својата позната Декларација, Шуман рече дека се неопходни конкретни темели за зачувување на мирот“, истакнала Брегу.

Истовремено нагласила дека денеска, 9 мај, поради тешките околности, Европа е вовлечена во најтешката криза од Втората светска војна и дека исходот од војната во Украина е сè само не сигурен.

„Овој момент е суштински и за иднината на Западен Балкан, што покажува дека Западен Балкан може да придонесе за решенија како што прават другите европски земји“, посочила Брегу.

Појаснила дека секоја национална приказна е различна, но „кога ќе погледнете малку подлабоко, наидувате на истите основни верувања – Бевме во лоша ситуација и сакаме да бидеме подобри, а ќе ја најдеме во Европа“, додала Брегу.

„Ние не сме Европејци само затоа што се согласуваме со вредностите содржани во Договорите за Европската Унија. Ние сме Европејци затоа што избравме да го правиме тоа. А сега можеби и повеќе, бидејќи лекцијата се слуша уште погласно: Процесот на пристапување треба да се промени на подобро. Затоа што цената на доцнењето на проширувањето кон Западен Балкан е голема грешка“, изјавила Брегу.