21.8 C
Скопје
18. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Се надеваме дека здравиот разум ќе победи во Молдавија

Москва го повика Кишињев да се воздржи од чекори кои им штетат на билатералните односи, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова откако Молдавија го забрани емитувањето на руските телевизиски канали, но и јавното прикажување на руската Ѓурѓовска лента.

„ Парламентот на Молдавија на 7 април усвои измени на Кодексот за аудио и визуелни медиумски услуги. Тие предвидуваат забрана за емитување програми и филмови направени во земји кои не ја ратификувале Европската конвенција за прекугранична телевизија, вклучително и Русија, рече Захарова.

Според неа, пратениците на 14 април ги усвоиле измените на Законот за прекршоци со кои се изрекуваат парични казни или поправни работи за употреба на симболи на „воена агресија“, како знамиња и обоени ленти, симболи, беџови и други.

Таа додаде дека се очекува наскоро претседателот на Молдавија да ги потпише тие амандмани.

„ Се надеваме дека ќе победи здравиот разум и дека молдавската страна ќе се воздржи од чекори кои ги нарушуваат односите со Русија“, нагласи таа.

Според неа, последните чекори на Молдавија се во спротивност со изјавите на нејзините лидери за нивната посветеност на неутралниот статус на земјата и партнерството со Русија.