11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британците испраќаат оружје во Украина-Џонсон во ненадејна посета на Киев

Британскиот премиер Борис Џонсон ја започна неочекуваната посета на Киев со приватна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Андриј Сибиха.

Велика Британија ќе испрати 120 оклопни возила и нови противбродски ракетни системи во Украина, соопштија од „Даунинг стрит“ по разговорите меѓу премиерот Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

„Одлучното лидерство на претседателот Зеленски и непобедливиот хероизам и храброста на украинскиот народ ги спречија монструозните цели на Владимир Путин“, рече Џонсон по средбата со Зеленски, според соопштението на „Даунинг стрит“.

„Денеска се сретнав со еден пријател, претседателот Зеленски“, напиша Џонсон на Твитер, додавајќи дека го поддржува народот на Украина.

„Подготвуваме нов пакет финансиска и воена помош што е доказ за нашата посветеност во борбата на неговата земја против варварската кампања на Русија“, напиша Џонсон.