12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија го отфрли украинскиот предлог: „Ова ги покажува вистинските намери на Киев“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека нацрт-мировниот договор предложен од Киев до Москва содржи неприфатливи елементи, но додаде дека Русија сепак ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања.

„Мировните разговори Москва-Киев не напредуваат толку брзо како што се посакува“, рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека се обидува да влијае со привлекување внимание на наводните воени злосторства за кои Москва негира одговорност.

„Украина вчера предложи мировен договор кој отстапува од предлозите претходно договорени од двете страни“, рече Лавров.

„Оваа неможност да се договориме ги покажува вистинските намери на Киев, да се повлече од договорот и да ги расипе преговорите бидејќи се откажува од договореното“, рече Лавров.

Предлозите на Киев се неприфатливи, истакна тој.

Официјален Киев уште не ја коментира изјавата на шефот на руската дипломатија.