12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Наш падобранец ефектно уништи руски тенк, тврди украинскиот генералштаб

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави видео за кое тврдат дека го покажува моментот кога украински падобранец уништува руски тенк.

„Извидник на 25. посебна воздушно-десантна бригада го сними моментот кога падобранец уништи руски тенк. Ајде да победиме заедно“, се наведува во објавата во прилог на видеото.

Не е објавено кога и каде е направена снимката. Автентичноста на снимката уште не е потврдена со независна проверка.