10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Столтенберг: Почнува клучна фаза од војната

Ова е опасност за сите нас. Започнува клучната фаза од војната, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој зборуваше на прес-конференција во Брисел.

„Она што сега го гледаме е бруталност од размери што не сме го виделе во Европа од Втората светска војна“, рече тој, оценувајќи ја состојбата како исклучително сериозна.

„Страшно е и, се разбира, предизвикува страдање за украинскиот народ, но тоа е исто така опасно за сите нас. Ја гледаме природата на војната на претседателот Путин, неговиот недостиг на почитување и владеење на правото, меѓународните правила и недостиг на почитување на основните човекови права“, додаде тој.

Столтенберг додаде дека Москва не се откажува од офанзивата врз Украина, но ќе се обиде повторно да се фокусира на целосно окупирање на регионот Донбас во наредните недели.

„Сега гледаме значително поместување на (руските) трупи од Киев со цел да се прегрупираат, повторно да се вооружат и снабдуваат и да се префрли фокусот на исток“, рече тој.

„Во следните недели очекуваме натамошни руски дејствија во источна и јужна Украина за да се обидат да го окупираат целиот Донбас и да создадат копнен мост до окупираниот Крим.

„Значи, ова е клучна фаза од војната“, предупреди Столтенберг.

Тој ја повика Кина да ја осуди руската агресија, обвинувајќи ја дека „се приклучува кон Москва во правото на народите да го изберат својот пат“.