12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија негира дека убивала цивили во Буча

Руското Министерство за одбрана ги отфрли тврдењата на Украина дека стотици цивили биле убиени од руските војници во Буча.

Бројните фотографии и видеа објавени од Украина беа наречени провокација, тврдејќи дека сите руски воени единици го напуштиле градот во средата.

Се наведува дека фотографиите и видео снимките се „последната лага од режимот во Киев“.

Претходно денеска, францускиот претседател Емануел Макрон порача дека руските власти ќе мора да одговараат за овие злосторства. Со коментар излезе и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг кој рече дека смртта на цивилите во Буча е бруталност каква што не сме виделе во Европа со децении.

Украинската војска вчера ја ослободи Буча, откако руската армија се повлече кон Белорусија. Новинарите и војската затекнале лешеви по улиците, од кои дел биле со заврзани раце зад грб. Властите соопштија дека во масовна гробница во Буча биле закопани 57 луѓе. Фотографии со мртви тела на улиците објави на социјалните мрежи и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повикувајќи ја групата Г7 да воведе санкции кон Русија како одговор на злосторството.