12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Повеќе од половина милион луѓе се вратија во Украина

Повеќе од половина милион луѓе се вратиле во Украина од почетокот на руската инвазија, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

„Минатата недела 144.000 луѓе ја напуштија Украина, а дојдоа 88.000. Вкупно (…) околу 537.000 наши сонародници се вратија во Украина“, соопшти Министерството, повикувајќи се на податоци од Државната гранична служба.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци во саботата регистрираше 4.176.401 Украинец кои ја напуштиле земјата од почетокот на инвазијата на 24 февруари, што е за 38.559 повеќе од извештајот претходниот ден.

Украина пред конфликтот имаше повеќе од 37 милиони жители.