12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ: Не можете целосно да ја изолирате Русија

Кремљ соопшти дека не е можно целосно да се изолира Русија, додека Западот продолжува да акумулира санкции против Москва поради нејзината воена операција во Украина.

„Не може да има целосен вакуум или изолација на Русија, тоа е технолошки невозможно во современиот свет“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.

Светот е „многу поголем од Европа“, рече тој, додавајќи: „Порано или подоцна ќе треба да градиме дијалог, без разлика дали некои луѓе во странство го сакаат тоа или не“.

Зборувајќи за можноста Путин да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Песков рече дека тоа би било „хипотетички можно“, но дека ќе бара писмен документ договорен од двете страни во мировните преговори со Киев, пренесе АФП.

За да се одржи средбата, Песков рече дека делегациите мора да подготват „конкретен документ“. „Не збир на идеи, туку конкретен пишан документ“, додаде тој.