16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Кадиров откри каде се наоѓа неговата војска

Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров објави видео на кое се гледа каде се наоѓаат неговите војници.

Како што изјави, тие се во Луганската Народна Република.

„ Специјалните единици на Националната гарда, во кои служат мои роднини и мештани, чистат станбени области, проверувајќи дали има скриени нацисти кои можат да пукаат во грб“, изјави Кадиров.

Напомена дека на жителите им е потребна медицинска и хуманитарна помош.

„ Веднаш му се пружа помош на локалното население, кое долго време не можеше да избега од градот поради немањето „коридор“ – ограбувачите едноставно не им дадоа таква можност на цивилите“, рече тој.

Претходните денови се шпекулираше каде се наоѓаат Кадиров и неговите војници, а тој ја збуни јавноста објавувајќи дека е во Киев.

Потоа објави дека се во Мариупол каде го „чистеле“ градот од „нацистите“.

Спонзорирано: