16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британскиот вицепремиер: Скептични сме во врска со ветувањата на Русија

Британскиот вицепремиер Доминик Рааб утринава гостуваше на „Скај њуз“ и го коментираше договорот од преговорите според кој Русите треба да ги намалат воените активности околу Киев и Чернигов.

„Руската воена машинерија ја судиме според нејзините постапки, а не само зборовите. Очигледно постои скептицизам дека таа ќе се прегрупира, повторно ќе нападне, наместо сериозно да се вклучи во дипломатијата или слично. Се разбира, вратата на дипломатијата секогаш ќе биде отворена. Но, мислам дека не може да верувате во она што излегува од устата на воената машина на Путин“, рече Рааб.

„Кога станува збор за Русија, мораме да бидеме подготвени за цела низа различни можности.

Го имате фактот дека ангажираат платеници, го имате фактот дека се занимаваат со сајбер напади, го имате фактот дека се занимаваат со труење, тоа го видовме во минатото. Цел опсег на можности доаѓа од Русија и затоа е толку неконвенционален противник“, додаде тој.

„Бев многу јасен за време на разговорот со министерот за надворешни работи. Го поддржуваме Меѓународниот кривичен суд кој ги разгледува наводите и извештаите за воени злосторства во Украина“, рече Рааб, додавајќи, меѓудругото, дека е многу тешко да се најдат докази за тоа кој извршил воени злосторства за време на војната, но затоа, на пример, сателитските снимки можат многу да кажат.

„Сега мораме да направиме сè прво за да ги зачуваме доказите“, рече Рааб.

Спонзорирано: