10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Претставници на Русија и Белорусија не се поканети на годишнина од ослободувањето од нацистички логор

Официјални лица од Русија и Белорусија не се поканети на церемонијата во поранешниот нацистички концентрационен логор во Бухенвалд, Германија, соопштија организаторите.

Со церемонијата, која ќе се одржи на 10 април, ќе се одбележи 77-годишнината од ослободувањето од логорот.

Фондацијата Buchenwald i Mittelbau-Dora Memorials објави дека наместо официјални претставници ќе бидат поканети претставници на руското и на украинското граѓанско општество. Фондацијата тврди дека околу 42.000 луѓе кои ги преживеале нацистичките злосторства живеат во Украина.