15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Џонсон: Договорот за прекин на огнот нема да биде доволен за укинување на британските санкции

Договорот за прекин на огнот меѓу Русија и Украина нема да биде доволен за укинување на британските санкции, изјави денеска Борис Џонсон.

„Премиерот рече дека само прекинот на огнот нема да биде причина за укинување на британските санкции кон Русија“, изјави портпаролот на Џонсон на новинарите говорејќи на владиниот состанок.

„Тој рече дека притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин мора да се зголеми преку дополнителни економски мерки и воена помош за да се осигури дека Русија целосно го промени курсот“, рече портпаролот на британскиот премиер.

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, во неделата изјави дека санкциите наметнати на руски поединци и компании може да бидат укинати доколку Русија се повлече од Украина и се обврзе да стави крај на агресијата.

Трас во интервју за британскиот весник „Телеграф“ посочи дека мерките може да престанат доколку Москва го промени курсот.

„Она што го знаеме е дека Русија потпиша неколку договори, кои едноставно не ги почитува. Значи, мора да има висока цена. Се разбира, санкциите се висока цена“, рече таа.

„Санкциите да се укинат само по целосен прекин на огнот и повлекување, но и доколку се обврзат дека нема да има натамошна агресија“, посочи таа.

„Исто така, постои можност бргу да се воведат санкции доколку има дополнителна агресија во иднина. Тоа е вистинскиот лост што мислам дека може да се искористи“, додаде таа.