10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина бара протерување на Русија од Меѓународната агенција за атомска енергија

Украина и нејзините партнери работат на отстранување на Русија од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) поради, како што се наведува, политиката на нуклеарен тероризам што ја води Русија.

Советничката на украинската министерка за енергетика Лана Зеркал денеска изјави дека ќе бара целосно елиминирање на Русија од МААЕ или барем од клучните позиции во Секретаријатот на МААЕ, наведувајќи ја политиката на нуклеарен тероризам како неоспорна причина.

Како што е веќе познато, руската армија ја окупираше нуклеарната централа во Чернобил на првиот ден од агресијата, на 24 февруари.

Минатата недела персоналот на централата во Чернобил беше делумно ротиран и луѓето кои беа на територијата на централата беа евакуирани.

Руските трупи ја нападнаа нуклеарната централа Запорожје ноќта на 4 март. Петро Котин, директор на Националната компанија за производство на нуклеарна енергија на Украина, Енергоатом, тогаш изјави дека во нападот на Запорожје имало меѓу 500 и 900 руски војници.