20.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон: Франција не е учесник во настаните во Украина и нема да стане

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција не е страна во конфликтот во Украина и дека никогаш нема да биде.

„Ние не учествуваме во војната, нема причина за паника. Сакам да нагласам дека никогаш нема да бидеме учесници во овој конфликт“, рече Макрон, додавајќи дека има намера да ги продолжи преговорите „се додека е потребно“.