17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Граѓаните на Лавов наоѓаат засолниште во засолниште старо 400 години

Откако се огласија сирените за предупредување за рускиот напад, жителите на украинскиот град Лавов најдоа засолниште во засолништето на црквата Петар и Павле од 1630 година, јавува Анадолија.

Десетици луѓе се сместени во историската зграда, која се наоѓа во центарот на градот и која служела како музеј до пред војната.

Директорот на музејот Олег Друздиев рече дека се надева оти овие простории, кои сега служат како засолниште за жителите на Лавов, повторно ќе бидат претворени во музеј.

Тој изјави дека луѓето го сметаат ова место безбедно од опасностите од воздушни напади.

– Ова, се разбира, не е единственото засолниште во Лавов. Сепак, има многу силни ѕидови и многу луѓе го знаат тоа – рече Друждиев.