12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Друзенко: Наредив да се кастрираат руските затвореници – тие се бубашваби, а не луѓе

Сите руски војници кои ќе бидат заробени од украинската доброволна медицинска единица ќе бидат кастрирани, изјави командантот на тој оддел Генадиј Друзенко на националната телевизија „Украина 24“.

Тој рече дека „лебарките“ не го заслужуваат правото на репродукција.

Иако Друзенко од руските медиуми го доби прекарот доктор Менгеле, тој по професија е правник.

Во интервју за „Украина 24“, тој најпрвин ги осуди САД поради неподготвеноста да војуваат со Русија во име на Украина, пред да проговори за третманот што ги чека руските затвореници кои ќе паднат во негови раце.

– Отсекогаш сум бил голем хуманист. Секогаш кога некој беше ранет, тој веќе не ми беше непријател, туку пациент. Сега им дадов наредба на сите мои лекари – сите заробени Руси да бидат кастрирани. Тоа се „лебарки“, а не луѓе. И верувајте ми, лекарите цело време ги спасуваа животите на Русите. Отсега Русите ќе гинат, умираат во огромен број. Ќе го паметат кошмарот на украинската земја, исто како што Германците го паметеа Сталинград – рече Друзенко.