17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Одлуката на Меѓународниот суд на правдата е победа за Украина

Меѓународниот суд на правдата и нареди на Русија да ги запре воените дејствија што започнаа во Украина на 24 февруари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја гледа ваквата пресуда како победа за неговата земја.

„Украина извојува целосна победа во спорот против Русија пред Меѓународниот суд на правдата“ – напиша Зеленски на Твитер.

„Наредбата е обврзувачка според меѓународното право. Русија мора веднаш да послуша. Игнорирањето на наредбата дополнително ќе ја изолира Русија“ – изјави украинскиот претседател.