17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
facebook
СВЕТ

Шефот на НАТО: Дронот бил невооружен и паднал надвор од Загреб

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференцијата беше прашан за падот на дронот во Загреб.

„Разговарав со Пленковиќ во неделата, соработуваме за да ги утврдиме сите факти. Прелиминарните индиции велат дека дронот не бил вооружен, дека бил надвор од курсот, дека останал без гориво и се урнал надвор од Загреб“, рече Столтенберг.

„Наскоро ќе имаме повеќе информации. Исто така е важно да се знае дека сојузниците споделуваат информации и дека системот на НАТО го надгледувал ова беспилотно летало и потоа се урнало“, рече тој.

„Треба да инвестираме во радарска контрола и противвоздушни системи. Тоа е она што го правиме, распоредивме Patriots на источните граници“, рече тој.

Спонзорирано: