17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија официјално го напушти Советот на Европа

Русија денеска формално го напушти Советот на Европа, водечка организација за човекови права, спречувајќи евентуално протерување поради воената агресија врз соседната Украина.

Пјотр Толстој, шеф на руската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, предал писмо од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, со кое се објавува одлуката на Москва, пренесе агенцијата ТАСС.

Украина во понеделникот побара Русија веднаш да биде исфрлена од Советот на Европа.