8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Скопје барано за криумчарење на мигранти

На 13.03.2022 во 13.00 часот на автопат А1 кај клучка Миравци, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица, лишен е од слобода Р.А.(22) од Скопје.

При контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, а во кое како сопатник бил Р.А., било констатирано дека се бара во врска со сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418-б од Кривичниот законик.

Р.А. е приведен и задржан во полициска станица во ОВР Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Прeтрес во Битола, приведено лице осомничено за прикажување порнографски материјал

M T

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

M T

Приведено лице од гостиварско за издржување на затворска казна

M T

Приведено лице барано по централна потерница за доиздржување на затворска казна

M T

Кривична пријава против едно лице за сторено разбојништво со смртни последици

M T

Приведено лице во Тетово за издржување затворска казна

M T