Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

731 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 731 возач. Од нив 76 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 313 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 417 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК