12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Полјак и понудил помош на девојка од Украина, па ја силувал

49-годишен маж од Полска е уапсен под сомнение дека силувал 19-годишна девојка која ја намамил во својот дом преку Интернет, нудејќи ѝ засолниште откако таа побегнала од Украина, пишува Скајњуз.

Полицијата во Вроцлав соопшти дека Полјакот е уапсен и може да се соочи со затворска казна до 12 години.

– Ја запознал девојката нудејќи ѝ помош преку интернет. Таа побегна од воена Украина, не зборуваше полски. Таа му веруваше на човекот кој вети дека ќе и помогне и ја остави. За жал, сето ова се покажа како лажна манипулација – се наведува во соопштението на надлежните.

Добротворните организации и групите за човекови права кои работат во соседните земји за да примат бегалци рекоа дека забележале случаи на трговија со луѓе, исчезнати деца, изнуда и експлоатација додека повеќе од 2,5 милиони луѓе се преселиле во соседните земји за да избегаат од ескалацијата на насилството.