12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ОН: Нема докази дека Украина има програма за биолошко оружје

Обединетите нации соопштија дека нема докази дека Украина има програма за биолошко оружје. Во исто време, Вашингтон и неговите сојузници ја обвинија Русија за ширење недокажани тврдења како можен вовед во започнување на сопствени биолошки или хемиски напади.

Земјите-членки на Советот за безбедност на ОН го нарекоа тврдењето „лажно“ и „целосна глупост“ и ја искористија седницата за да ја обвинат Русија за намерно таргетирање и убиство на стотици цивили во Украина, тврдења што Русија ги негира.