12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ: Конфликтот ќе заврши кога Западот ќе нè сфати сериозно

Официјален Кремљ денеска објави дека конфликтот во Украина ќе заврши веднаш штом Западот дејствува по повод постојано изразената загриженост од Русија поради убиствата на цивили во источна Украина и проширувањето на НАТО на исток.

На новинарско прашање како може да заврши кризата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го кажа ставот на Русија и рече дека верува оти Украина разговара за барањата на Москва со САД и другите сојузници.

„Русија формулираше конкретни барања до Украина во врска со решавањето на овие прашања. Колку што разбравме, Украинците разговараат за овие барања со нивните советници, пред се со САД и земјите од Европската Унија“, рече Песков.