Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не е против директни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Зеленски е подготвен за таква средба, а Путин начелно не се спротивстави. Путин му ја спомна идејата и на претседателот Ердоган“, рече Чавушоглу на прес-конференција.
Чавушоглу исто така истакна дека средбата лице в лице меѓу украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, и неговиот руски колега Сергеј Лавров, која не резултира со никаков напредок, е барем почеток.