17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски генерал: САД експериментираат со животни во Украина за да ги заразат Русите од коронавирус

Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана и генерал, денеска за медиумите изјави дека во Украина има лаборатории финансирани од САД и дека тие експериментираат со коронавирусот добиен од лилјаци.

„Руските експерти од Одделот за радијациска заштита, хемиска и биолошка заштита ги проучуваа документите за трансферот на човечки биоматеријали земени од Украина во странски земји под водство на американски претставници. Од особен интерес беа детаљните информации за спроведувањето на американскиот проект на територијата на Украина за изучување на преносот на патогени на дивите птици што мигрираат меѓу Украина и Русија и другите соседни земји“, рече Конашенков.

Тој наведува дека целта на ова и на други биолошки истражувања финансирани од Пентагон во Украина е да се создаде механизам за прикриена дистрибуција на смртоносните патогени.