17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Полска вели дека е подготвена да ги распореди сите свои борбени авиони МиГ-29 во американската воздухопловна база во Германија

По консултациите, властите во Полска се подготвени веднаш и бесплатно да ги распоредат сите свои авиони МИГ-29, кои ќе ги распоредат во воздухопловната база Рамштајн и ќе ги стават на располагање на Владата на САД.

Истовремено, Полска бара од САД да им обезбедат користени авиони кои имаат соодветни оперативни способности.

„Полска е веднаш подготвена да ги утврди условите за купување на авионот“, се вели во соопштението на Министерството.

На крајот од соопштението, Министерството побара и од другите членки на НАТО кои поседуваат авиони МИГ-29 да го сторат истото.