17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинската војска објави извештај: Ги браниме Чернихив и Мариупол

Украинската војска го објави својот оперативен извештај, во 6 часот по локално време, истакнувајќи дека нејзините сили водат жестоки битки за одржување на одредени граници. Во тек е одбранбена операција во источниот дел на оперативната област Доњецк, а напорите се насочени кон одбрана на градот Мариупол, соопшти војската.

Според извештајот, руските сили се запрени при напредувањето кон регионот Дњепар и во тек е операција за одбрана на градот Чернихив. Во извештајот се наведуваат „големи загуби во оружје, опрема и персонал“, покрај загубите на 88 руски авиони и хеликоптери.

„Некои непријателски пилоти кои се катапултираа и преживеаја беа пронајдени од украинските војници. Тие добија медицински третман и веќе сведочат за злосторствата на режимот на Путин против човештвото“, се вели во извештајот.

„Поради отпорот на украинскиот народ, руските војници се деморализирани со исклучително ниска морална и психолошка состојба поради свесноста за вистинската состојба на работите“, соопшти украинскиот Генералштаб на вооружените сили.