17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автомобил влетал во градинка во САД, 19 деца пренесени во болница

Деветнаесет деца се пренесени во болница откога вчера автомобил влетал во градинка во Калифорнија.

Инцидентот се случил во 14.30 часот по локално време. Нема смртни случаи, соопшти полицијата, додавајќи дека повеќето од децата превентивно биле пренесени во болници, пишува „Ен-би-си њуз“.

Четиринаесет деца со брза помош биле пренесени во болниците, а пет биле донесени од своите родители. Дванаесет деца се пренесени во две болници. Десет се пуштени дома многу бргу, а две се префрлени во медицинскиот центар „УЦ Дејвис“ и се во стабилна состојба.

Полицијата извести дека возачот соработувал со полицијата и дека се истражуваат причините за несреќата.