20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Стејт департментот ја затвори Амбасадата на САД во Минск

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, потврди дека Стејт департментот ја суспендирал работата на американската амбасада во белорускиот главен град Минск и дека на сите вработени во американската амбасада во Москва, кои не се занимаваат со итни работи, и на членовите на нивните семејства им било дозволено да си заминат.

Во соопштението на американскиот државен секретар се вели дека одлуката е донесена поради безбедносни проблеми, кои произлегле од „неиспровоциран и неоправдан напад на руските воени сили врз Украина“.