17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина тврди дека Русите го уништиле најголемиот авион во светот

Најголемиот товарен авион на светот, украинскиот Антонов-225, бил уништен со гранатирање од страна на руските сили во напад на аеродромот Хостомел во близина на Киев, соопшти украинската фабрика за оружје „Укроборонпром“.

Реконструкцијата на овој авион, произведен во Украина, би траела долго и би чинела повеќе од три милијарди долари, соопштија од фабриката.

„Руските окупатори ја уништија гордоста на украинското воздухопловство, легендарниот ан-225 мрија. Тоа се случи на аеродромот Антонов во Хостомел во близина на Киев“, објави „Укроборонпром“ на својата фејсбук страница.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, се огласи на „Твитер“.

„Ова беше најголемиот авион во светот, ан-225 Мрија (‘мрија’ на украински значи сон). Русија можеби го уништи нашиот ‘мрија’, но никогаш нема да го уништи сонот за силна, слободна и демократска, европска држава“, посоли Кулеба.

Инаку, овој авион можеше да пренесе товар од 250 тони.