10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциско: Бог е со миротворците, а не со оние кои почнуваат војни

Папата денеска повика на отворање на хуманитарните коридори за помош на бегалците од Украина и порача дека оние кои почнуваат војни не треба да се залажуваат и да мислат дека Господ е на нивна страна.

Додека некои држеа големи украински знамиња на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Франциско во своето редовно неделно обраќање рече дека неговото срце е скршено и предложи среда да биде ден на молитва и пост за мир.

„Оружјето нека замолчи. Господ е со мировниците, а не со оние кои користат насилство. Народот е вистинска жртва, кој со својата кожа го плаќа лудилото на војната“, истакна папата Франциско.