25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден го информирал Зеленски за мерките што ги преземаат САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека во средата вечерта во телефонски разговор го информирал украинскиот претседател Володимир Зеленски за чекорите што САД ги преземаат во меѓународната осуда на руската инвазија на Украина.

Бајден рече дека САД и нивните сојузници и партнери ќе воведат строги санкции кон Русија и дека ќе продолжат да даваат поддршка и помош за Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека Русија започнала масовна инвазија на Украина, наведувајќи дека украинските градови се нападнати.

„Путин штотуку започна масовна инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати. Ова е агресија. Украина ќе се брани и ќе победи“, напиша Кулеба на Твитер.