Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Арсовска со лаги ја покрива својата неспособност и неработење

Данела Арсовска мисли дека со лаги може да се покрие нејзината неспособност и неработење. Откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала, по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, Арсовска вчера ги излажа граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Пд партијата велат дека не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен од стручни лица и целосно е безбеден.

Овој проект е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен. Одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот за изградба ги има одобрено сите градежни зафати.

Сите постапки и процедури за изградба на Универзална сала се запазени во целост.

Крајно време е Арсовска да престане да лаже и да се поигрува со трпението на скопјани и да почне да го работи она за што е избрана, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК