Centar.mk
фото илустрција
МАКЕДОНИЈА

ТРАГЕДИЈА ЈА РАЗБУДИ МАКЕДОНИЈА – Еден загинат, еден повреден, 19-годишен возач приведен со 1,32 промили алкохол

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица–Радовиш, во близина на с. Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 19-годишник од с. Злеово, радовишко, и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 58-годишник од с. Добрејци, струмичко.

Од здобиените повреди на местото починал 58-годишниот возач, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил 36-годишен сопатник во патничкото возило „мицубиши“ од с. Дабиле, струмичко.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека 19-годишниот возач бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК