Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Синоним за Филипче е лага, малверзација и корупција.

Човекот едноставно не може, а да не излаже.

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра.

Филипче е роден лажго.

Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, едно на брачен другар, мерцедес од 44 илјади евра и еден мотор од 25 илјади евра, сличен како оној што го возеше со Заев.

Зошто Филипче рече дека има автомобил од 6.000 евра, а не му е вметнат во анкетниот лист? Дали можеби цената на автомобилот е повисока и е марка АУДИ добиена како подарок за тендер? Дали Филипче крие нешто од јавноста? Дополнително, што ли уште Филипче ќе излаже?

Ако лаже за ваква работа, којзнае за што друго ќе лаже понатаму ако дојде на власт.
На ваквите митомани како Венко Филипче не смее да има место во политиката.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК