12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија подготвена да пука на бродови што илегално влегуваат во нејзините води

Русија е подготвена да отвори оган врз странски бродови и подморници што илегално влегуваат во нејзините територијални води, изјави денеска висок руски воен претставник, а пренесе руската новинска агенција „Интерфакс“.

Сепак, таквата одлука би била донесена само на највисоко ниво, додаде функционерот.

САД во саботата негираа дека извршиле воени операции во руски територијални води откога официјална Москва објави дека брод на руската морнарица избркал една американска подморница од руските води во Пацификот.