15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова: На Украинците им е потребна територијата на Донбас, не и жителите

На украинските власти не им требаат жителите на Донбас, туку само празна територија со ресурси, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Јасно ни е каква опасност би им се заканувала на жителите на тој регион во случај режимот на Киев да го оствари својот сон – тие, едноставно, би биле уништени. Тоа го потврди и претседателот Зеленски кога неодамна рече: „Кој не го сака Донбас, што значи да живее според правилата на Киев, нека си ги спакува куферите и нека си оди“. Не им требаат луѓе што би живееле во една украинска држава, им треба празна територија со ресурси, ослободена од оние луѓе што не дозволија да бидат потчинети“, рече Захарова на редовниот брифинг со новинарите.

Конфликтот во источна Украина трае речиси осум години, а за тоа време, според податоците на ОН, загинале над 13.000 луѓе, а речиси 44.000 биле повредени.

Соединетите Американски Држави и другите земји од НАТО ги подгреваат тензиите во Донбас со снабдување на Украина со оружје и испраќање воени инструктори.

Москва постојано бараше регионот да престане да пумпа оружје бидејќи тоа би можело да го поттикне Киев на воени авантури.