25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чувар на музеј одлучил да „поправи“ слика вредна повеќе од милион долари

Чуварот на музејот „Центар Борис Елцин“ од досада го насочил погледот кон уметничкото дело „Три фигури“, на уметничката Ана Лепорскаја.

Според „Moscow Times“, кустосот на музејот од досада го „поправил“ недостигот на сликата – очите.

Според весникот, чуварот тоа го направил на првиот работен ден во музејот.

Осквернавеното дело било осигурано на 75 милиони рубљи или 1,3 милиони долари

Веднаш по откривањето на сквернавењето, сликата била отстранета и дадена на реставрација.

Чуварот добил отказ и ќе биде казнет, ​​но има спор за висината на казната, бидејќи полицијата приговарала да покрене кривична постапка, а Министерството за култура најавува жалба до обвинителството.