17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Погрешна вест за руска инвазија на Украина го вознемири светот, стигна итна реакција од Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека објавата на американската агенција „Блумберг“ за почетокот на руска инвазија на Украина зборува за опасноста од агресивните изјави на САД и западните центри и како таквите пораки можат да имаат непоправливи последици.

Руските агенции претходно објавија дека американската агенција на својата интернет-страница објавила вест под наслов „Русија изврши инвазија на Украина“, а подоцна признала дека се работи за грешка и ја повлекла веста.

Песков за РИА Новости изјави дека ова е одличен пример колку е опасна ситуацијата предизвикана од бескрајните агресивни изјави кои доаѓаат од Вашингтон, Лондон и другите европски престолнини.

„Тоа е илустрација какви последици може да има од атмосферата на екстремна тензија создадена од овие агресивни акции на нашите колеги во Европа“, рече Песков.

Според него, по ваквите неточни информации, веќе место „лажна вести“ може да се каже „Блумберг вести“.

Руската агенција „Тасс“ објави дека „Блумберг“ во соопштение објаснил дека подготвува наслови за различни сценарија и дека еден од тие наслови ненамерно бил објавен на страницата околу 16.00 часот по локално време (околу 22.00 часот по средноевропско време).

„Длабоко жалиме за грешката“, соопштија од „Блумберг“, додавајќи дека се истражува причината за грешката, пренесе „Тасс“.