Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, три неисправни во Гостивар

Денеска (31.01.2022) во периодот од 6 до 9 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата биле откриени и санкционирани 2 возила без извршен технички преглед и 1 возило со недостиг на потребна опрема. На возилата-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, додека 1 возило е исклучено од сообраќај.

Покрај ова, во контролата санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци за кои се изготвени поднесоци и кои ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.