9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Битиќи со Сојузот на синдикати: Владата е согласна дека треба и ќе има покачување на минималната плата

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјални прашања, Јована Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и советникот на претседателот на Владата Милан Живковиќ, денес остварија работна средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, предводени од претседателот на ССМ, Дарко Димовски, а на која главна тема беа барањата на синдикалците за зголемување на минималната плата во Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи, нагласи дека Владата ќе остане конструктивен социјален партнер, кој ќе охрабрува дебата и дискусија за сите важни прашања во општеството, како што е несомнено висината на минималната плата и притоа најави дека веќе во среда, на 2-ри февруари од 15:00 часот, е закажана седница на економско-социјалниот совет на која ќе продолжи дискусијата помеѓу сите три засегнати социјални страни на која главна точка на дневниот ред ќе биде токму висината на минималната плата.

Вицепремиерот Битиќи, министрите Тренчевска и Алити, во дискусијата за време на состаноците, нагласија дека минималната плата ќе продолжи да расте и системското решение ќе дојде преку дијалог со сите засегнати страни, а решението кое би било предложено секако подразбира одржливост на подолг рок за пораст на минималната плата во согласност со порастот на трошоците на живот и растот на просечните плати.

На средбата претставниците на ССМ уште еднаш ги поздравија одлуките на Владата за „недела неработен ден“ и за замрзнување на цените на основните производи до крајот на февруари 2022 година.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Битиќи од глобалната конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

M T

Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”

M T

Работна посета на вицепремиерот Битиќи во Италија

M T

Битиќи и Лорковски: Северна Македонија е усогласена со европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

M T