21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турскиот претседател именуваше нов министер за правда

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи Бекир Бозадаг (56), член на владејачката АК Партија, за министер за правда.

Се наведува и дека поранешниот министер за правда Абдулхамит Ѓул поднел оставка, но не наведе причина.

Бозадаг беше министер за правда за време на претседателскиот мандат на Ердоган, во два наврати (2013-2015 и 2015-2017), по што стана вицепремиер, каде што остана до 2018 година.

Во исто време, Ердоган го смени директорот на државниот институт за статистика ТУИК, ​​објавено е во Службен весник.

Ердоган го смени Саит Ердал Диничер од позицијата директор на ТУИК неполна година откако беше назначен на таа функција и на негово место го назначи Ерхан Четинкаи.