16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Создаваме и поддржуваме нови кадри, а ДПМНЕ се заглавени во режимската матрица

Очигледен е стравот во белиот дворец од претседателот Димитар Ковачевски и новото раководство на СДСМ, велат од партијата на власт како реакција на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека СДСМ се менува постојано за уште подобро да им служи на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ сè уште е заглавена во режимската матрица“, се наведува во партиската реакција.

Од СДСМ порачуваат дека додека нивната партија продолжува да се демократизира и да создава и поддржува нови кадри, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.

„Антонијо Милошоски, Илија Димовски, Зоран Ставревски не можат да понудат ништо ново, ништо добро за граѓаните, тие се дел од режимот кој 11 години ги малтретираше граѓаните. Дури и самиот Мицкоски беше дел од режимот како десна рака на Никола Груевски, менторот кој го инсталираше во фотелјата во белиот дворец“, порачуваат од СДСМ и додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која работи против интересите на граѓаните.

Спонзорирано: