17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две бебиња извлечени од урнатините во САД

Спасувачките служби на САД објавија снимка од спасување две бебиња од урнатините откако американската сојузна држава Кентаки беше погодена од разорно торнадо.

Бебињата биле пронајдени во када во која ги сместила нивната баба за да ги заштити од торнадото. Во налетот на ветерот излетала во дворот, но, за среќа, бебињата не биле повредени.

Ги пронашле спасувачите, кои ги пренеле во болница.

Да потсетиме, во оваа американска држава животот го загубија 76 лица, меѓу кои и шест деца. Торнадото срамни со земја многу куќи, фабрики, магацини и згради.