11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

(Видео) Торнадото во Америка остави пустош зад себе, за Бајден тоа е незамислива трагедија

Најмалку 30 торнада биле пријавени во шест американски сојузни држави. Најлошиот удар се случи во Кентаки, од каде доаѓаат ужасни слики од уништени домови, цркви, пренатрупани патишта. Расте бројот на жртви, кој веќе се искачи на 79. Американскиот претседател Џо Бајден загубата на човечки животи ја нарече незамислива трагедија.

Според последните информации, повеќе од 79 лица загинаа по разорните торнада во САД, чиј најсилен удар е забележан во сојузната држава Кентаки. Во Кентаки торнадото дувало со брзина од 300 километри на час, изјави гувернерот.

Од Кентаки доаѓа ужасната сцена на пустош што ја остави зад себе торнадото. Улиците се полни со урнатини, многу домови се уништени. Покрај драматичните сцени, има и сведоштва на луѓе кои ја преживеале катастрофата.

„Едно лице загина, а пет се тешко повредени кога торнадо погоди старечки дом со 90 легла во Монет, Арканзас, мала заедница во близина на границата со Мисури“, изјави за Ројтерс судијата, Марвин Деј.

На Твитер се огласи и американскиот претседател Џо Бајден. „Губењето на саканата личност во вакво невреме е незамислива трагедија. Работиме со гувернерите за да се осигураме дека го имаат она што им е потребно додека продолжува потрагата по преживеани и проценката на штетата“, напиша Бајден.