Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

Заев на ТВ 21: Ништо не сме без граѓаните, да се обединиме, државата може да оди напред, само ако и општините туркаат напред

„Јас како претседател на Влада и Влада предводена од мене можат да водат напред кон ЕУ само ако имаме такви политики и на локално ниво, наместо политики што ќе направат се да се скараат со Бугарија, со Грција или со соседите, јас и Владата можеме да се бориме за еднакво општество, ако имаме градска власт која го негува тој концепт, наместо некои националисти во градот Скопје кои тоа сакаат да го загрозат“, порача вечерва во интервју за ТВ 21 претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ги повика граѓаните да се обединат околу концептот што води напред, додавајќи дека СДСМ ја разбрала нивната порака и по неа постапува веднаш, дека гласот на граѓаните и натаму ќе се слуша внимателно.

„Видовме што е граѓанството во Скопје, ништо не сме ние без граѓаните, затоа што граѓаните знаат се, најинформирано е Скопје, најупатено е Скопје, знаат се. Ќе се формира граѓански совет. Крупните рапиди, буџет, програми, репрограми, нов ребаланс на буџетот, важните работи ќе ги одлучува граѓанскиот совет, после тоа ќе носи политички одлуки од советот на општината, па потоа градоначалникот ќе имплементира, ќе спроведува. Затоа што видовме колку се моќни граѓаните и тие мора да бидат инволвирани внатре, комплетно. На локално ниво во носењето одлуки ќе бидат вклучени и младите. Оваа власт дава можност, младински совети, нов Закон за млади, за младите да бидат внатре во процесите, тие мора да бидат креатори на иднината, да бидат инволвирани. Има многу што научивме од граѓаните и тоа ќе го имплементираме“, истакна претседателот Заев.